Напредната и најсовремена апаратура достапна во ординацијата по ортопедија ПЗУ „БЕЛИОТ ЦВЕТ”, во рамки на хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил”, значително го подобрува корисничкото искуство на нивните пациенти.
Една од исклучително значајните услуги која што стручниот медицински тим во „БЕЛИОТ ЦВЕТ” им ја нуди на своите пациенти, е ехографска дијагностика на мускуло-скелетниот систем со најсовремениот Philips Affinity 30.
Се работи за примарен дијагностички метод за трауматски, воспалителни и дегенеративни промени, кој што е безопасен и безболен.
Преку овој метод се поставува дијагностика на:
-скинати тетиви, лигаменти и мускули
-ганглиозни цисти
-изливи во зглобовите и бурсите
-хондрокалциноза, калцификати во тетивите
Ултразвучен (ехо) преглед на колкови кај новороденчиња и доенчиња
За добрата здравствена состојба на новороденчињата и доенчињата, многу е значајно нивните колкови да бидат прегледани на возраст од 6 недели, 4 месеци, 6 месеци и по проодување. Развојната дисплазија на колкот кај новороденчиња и доенчиња може лесно да се спречи и во 95% од случаите успешно да се лекува САМО АКО се открие рано и на време.
Затоа, треба да се потенцира дека Philips Affinity 30 овозможува безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчиња.
Ултразвучниот (ехо) преглед на колковите кај специјалист ортопед е поефикасен начин за рано откривање развојна дисплазија на колкот во споредба со класичниот физикален преглед.
Ординација по ортопедија „БЕЛИОТ ЦВЕТ” е дел од реновираниот комплекс „Цар Самуил”. Во рамки на ординацијата работи стручен медицински тим предводен од специјалист ортопед д-р Панче Мазнов.
Својот термин може да го закажете на:
Тел: 034 345 678
Моб: 070 239 522
e-mail: info@beliotcvet.com