Цар Самуил Бања Банско, се вбројува во еден од најпознатите центри за мултидисциплинарно бањско лекување на Балканот. За тоа сведочат и голем број потврдени успешни приказни на наши пациенти кои со задоволство повторно се враќаат за да уживаат во благодетите на термалната вода - единствена во Европа по својот состав и лековитост.
40 години посветено работиме и се развиваме во чекор со модерното општество!
Застарените методолошки пристапи на лекување ги заменуваме со индивидуален пристап и акцент на потребите на пациентот за да го подобриме квалитетот на целокупниот процес на физикална рехабилитација. Вложуваме во нови медицински концепти и примена на нови дијагностички и терапевтски техники. Ја прошируваме нашата палета на услуги и терапии правејќи спој на традиционалното лекување и современата технологија за постигнување совршен баланс.
НАЈСОВРЕМЕНИ
ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ
Креираме индивидулни рехабилитациони и рекреативни програми во зависност од потребите на пациентот.
Со современи методи ги третираме сите видови на дегенеративни, невролошки, посттрауматски, ортопедски и генетски болести како и сите видови фрактури.
Користејќи ги благодетите на термалната вода нудиме и третмани за рекреација и одржување кондиција кои можат да ги користат спортисти, рекреативци, па и цели семејства кои сакаат да уживаат во топла и пријатна атмосфера.
Хидротермалниот медицински центар Цар Самуил се наоѓа во селото Банско, 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица, блиску до границата со Бугарија и Грција.
Во близина на центарот има 5 природни извори на термална топла вода. Најголемиот е на само 50 метри и го носи името Парило. Капацитетот на Парило е 42 литри во секунда, а температурата на водата е 72°C. Водата доаѓа од голема длабочина и нема никакви атмосферски влијанија.
При копање на темелите на хотелот во 1978 година, луѓето откриле една од најрепрезентативните градби од римскиот период - римската термална бања (Balneum) која датира од 1 до 4 век.
Во бањата се откриени 11 простории со вкупна површина од 623 м² што ја прави една од најголемите бањи на Балканот.
Неодамнешните ископувања открија дека внатрешното греење е дизајнирано и конструирано со посебен систем кој користи топла вода за загревање на подот и ѕидовите. Овој факт докажува дека Римјаните многу одамна ги забележале лековитите својства на термалните води и пронашле начин повеќекратно да ги користат. Сепак, топлинските извори остануваат атрактивни за луѓето од овој крај до доцниот среден век.
Првото име на оваа локација позната како „Турска бања“ ја докажува тезата. Археолозите постојано откриваат нови наоди на овој локалитет кои докажуваат дека медицинскиот центар Цар Самуил е наследник на Римската термална бања.
Во моментов нудиме услуги во два терапевтски базени исполнети со топла термална вода и реквизити за хидрокинези вежби, подводни трака за одење во вода, подводни велосипеди…
Третиот и најголем базен, кој исто така е и полуолимписки , моментално е во изградба. Има рекреативна намена и ќе биде збогатен со спа-простор опремен со неколку сауни, солена соба и парна бања.
Центарот нуди и балнео третмани во комплетно реновиран балнеотераписки дел опремен со вкупно 8 кади кои нудат различни видови на хидро третмани како подводна масажа, хидрогалвански струи и различни видови термални купки.
Покрај балнеолошките услуги, има и широк спектар на услуги за физиотерапија како што се повеќе видови електротерапија, магнетотерапија, скенирачки ласер, рачна масажа и сите видови кинези вежби кои се изведуваат во новата и добро опремена кинези теретана.
Во вториот новоизграден дел од физиатрија има неколку нови простории каде третманите се одвиваат во топла и пријатна средина, ставајќи акцент на приватноста на пациентот.
Во овој дел се гради и модерен фитнес центар и хидро дел со посебни бањи за максимална релаксација на гостите.
Долгата листа на индикации кои се лекуваат во центарот благодарение на термалната вода, сега е проширена и со поголем ефект во лекувањето, благодарение на напредната технологија што се користи за терапевтски третмани.
За потребите на објектот изградивме комплетно нова дијагностичка лабораторија како и две нови специјални ординации (неврологија и ортопедија).
Нашата богата понуда вклучува МЕДИЦИНСКИ и ХОТЕЛСКИ услуги.
Сопствениците го видоа потенцијалот што го нуди ова стратешко место и решија да инвестираат во целосна реконструкција и модернизација на центарот и околината, преку финансирање на изградба на локални патишта, вработување на локалното население, соработка со археолошкиот институт од Струмица за истражувања и реставрација на археолошките локалитети.
Резултат на интензивната реконструктивна работа во изминатите две години е целосно реновиран и модернизиран медицински дел за физиотерапија, проширен и збогатен со услуги и апарати за терапија кои за прв пат се користат во Македонија.
Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното.
Со помош на природата. Во служба на медицината.